Тројцата интернационалци, Најдовски, Тошевски и Велковски, ги продолжуваат настапите во квалификациите за ЛШ

принтскрин

Македонските интернационалци кои денеска играа во квалификациите за Лигата на шампионите имаа максимален ефект, тројцата фудбалери, Филип Најдовски, Кристијан Тошевски и Крсте Велковски успешно ја поминаа првата пречка.

Велковски и Сараево без многу мака со 0:2 славеа на гостувањето кај велшкиот претставник Конах Квеј Номадс. Велковски кој минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Сараево, натпреварот го започна од клупата за резервни играчи, а во игра влезе во 70. минута кога неговиот тим веќе водеше со 2:0.
Во наредното коло од квалификациите Сараево и Велковски ќе играат против Динамо Брест.

Најдовски и Тошевски направија мало изненадување со Тирана успавејќи да го елиминираат Динамо Тбилиси со 2:0. Двајцата македонски интернационалци го одиграа целиот натпревар и беа едни од позабележителните играчи на теренот.
Тирана во наредното коло од квалификациите ја очекува пресметка со шампионот на Србија, Црвена зевзда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот