Тројца фудбалери од Премиер лигата со симптоми на коронавирус

Англија може да биде третата од најсилните пет европски лиги кои ќе ги суспендираат натпреарувањата.

Денеска цел фудбалски тим од Премиер лигата е тестиран откако тројца неименувани фудбалери имале симптоми дека се заразени со коронавирус.

Англиските медиуми не го објавија тимот, ниту имињата на тројцата фудбалери, но отриваат дека еден од играчите уште од понеделникот ги покажувал симптомите на коронавирус  и веднаш е ставен во изолација, а набрзо уште двајца ги покажувале истите симптоми.

Лекарите во Премиер лигата денеска ќе имаат вонреден состанок на кој ќе одлучат дали ќе предложат да се суспендира натпреварувањето поради страв од зголемување на бројот на заболени фудбалери од коронавирус.

Засега е одложен само еден натпревар од Премиер лигата, помеѓу Манчестер сити и Арсенал кој требаше да се игра вчера, но доколку еден од тројцата фудбалери кои се во изолација бидат позитивни на коронавирус, тогаш дефинитивно и Премиер лигата ќе биде ставена под „карантин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот