Тројца фудбалери на Арсенал одбија намалување на платите!?

Озил кој има плата од 350.000 илјади фунти, сака прво да го процени економското влијание предизвикано од коронавирусот..

Еден од најискусните фудбалери на лондонскиот клуб играч, Месут Озил заедно со уште двајца негови соиграчи одбија намалување на платите, пренесува „Мирор”.

Од една страна Арсенал објави дека играчите, како и менаџерот Микел Артета и неговиот стручен штаб, се согласија на намалување на платите од 12,5% поради пандемијата од коронавирус.

Од клубот потенцира дека парите ќе бидат вратени доколку продолжи сезоната 2019/20 и тимот ја постигне „определената цел”, што е јасно дека станува збор за влез во Лигата на шампиони.

Германецот кој има плата од 350.000 илјади фунти, сака прво да го процени економското влијание предизвикано од коронавирусот и затоа нема да брза со својата одлука.

Според неговиот агент Херкит Согут прво треба да се види како ќе се одрази состојбата со финансиите на клубовите за три до шест месеци, а не сега. Имињата на другите двајца играчи на Арсенал не се познати, а „Гардијан” тврди дека преговорите со нив се во тек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот