Фото: илустрација

Тројца уапсени во Албанија за подметнување пожари

Албанските власти уапсија три лица под сомнение за подметнување пожар во градовите Фиер, во југозападниот дел на земјата  и Лушња, централна Албанија, пренесува Топ чанел.

Уапсените албански државјани се мажи на возраст од 68, 61 и 62 години, со што бројот на осомничени за подметнување пожар ја надмина бројката од 140 лица.

Според информациите од Министерството за одбрана на Албанија, состојбата со шумските пожари во земјата значително се подобрила. Во последните 24 часа регистрирани се 28 пожари, од  кои само три се активни, додека шест остануваат под надзор.

Моментално се активни пожарите во Трнова, општина Булќиза, североисточна Албанија, во близина на албанско- македонската граница кај Дебар, во Џет, општина Фуш Арез, северна Албанија и Вељ општина Мирдита, северозападна Албанија.

Во операциите за гаснење на пламените јазици се ангажирани 52 противпожарни возила и 740 оперативен персонал, потпомогнати од 323 припадници на армијата, 7 противпожарни возила и еден хеликоптер од албанската армија.  Два  хеликоптера од Обединетите Арапски Емирати по еден од Чешка и Словачка, како и еден авион „Канадер“ од Италија, исто така, помагаат во гаснењето на шумските пожари во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот