Тројца тетовци украле пари од комбе на гостиварец, полицијата ги уапси

Апсење/Фото: МИА

Полицијата денеска приведе три лица од тетовско Џепчиште и Желино, осомничени дека вчера украле пари од возило на 52-годишниот Л.А. од Гостивар.

-Денеска (13.06.2023) во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.С.(36) од Тетово, Н.А.(49) од тетовско Џепчиште и М.Н.(53) од тетовско Желино. Тие се сомничат дека на 12.06.2023 околу 19.00 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово од товарно возило „опел виваро“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Л.А.(52) од Гостивар, одзеле пари во различни девизи и апоени и други предмети, информираат од МВР.

Украдените пари и другите предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот