Гданск/ Фото: Ajotte Collection / Alamy / Profimedia

Тројца мртви откако брод се превртел во Полска

Три лица загинаа откако дрвен туристички брод се превртел во Гдањск, Полска, а властите соопштија дека најверојатно тоа е предизвикано од големи бранови предизвикани од шлепер кој поминувал покрај реката, објави во неделата Би-Би-Си.

Четиринаесет лица, вклучително и двајца членови на екипажот, биле на бродот Галар Гдањски кога се превртел на реката Мотлава.

Државната противпожарна служба соопшти дека починатите лица во најкраток можен рок се извлечени од водата.

На местото на несреќата констатирана е смрт на 60-годишен маж, а други две лица подоцна починале во болницата каде што им била укажана помош. Локалните медиуми јавуваат дека една од жртвите била бремена.

Градоначалничката на Гдањск, Александра Дулкиевич, го нарече инцидентот огромна трагедија. Таа рече дека во најбрз можен рок ќе се разјаснат причините за страшната несреќа, а на сите преживеани им е укажана стручна медицинска нега.

Галар Гдански, дрвен брод долг околу девет метри, може да прими до 12 патници и двајца членови на екипажот. Тоа е копија на полски брод кој бил популарен во 18 век и се користел за транспорт на стоки по реката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот