Трогателна објава за нејзиниот роденден: Џон Траволта се присети на неговата покојна сопруга Кели Престон

Смртта на убавата актерка во јули годинава ги изненади сите, најмногу затоа што никој не ни знаеше дека таа со години водела долга битка со рак на дојката. Зад себе остави две деца, но и нејзиниот сакан сопруг Џон.

Со емотивна објава на својот Инстаграм профил, Џон Траволта ги насолзи очите на своите фанови со една фотографија во сеќавање на неговата покојна сопруга, актерката Кели Престон, на денот кога таа требаше да го прослави својот 58-ми роденден.

Фото: Профимедиа

66-годишниот холивудски актер прикажа фотографија од венчавката на неговите родители и фотографија направена на венчавката со неговата сакана Кели Престон и напиша: „Среќен роденден драга! Ги пронајдов овие две фотографии, венчавката на моите родители и нашата. Убаво е кога се една до друга. Те сакам. Џон“.

Фото: Инстаграм

Кели Престон почина во јули по две години борба со рак на дојката, а нејзината здравствена состојба ја чуваа во најголема тајност. По нејзината смрт, за храброста на нејзината мајка, 20-годишната Ела напиша: „Никогаш не сум сретнала некој толку храбар, силен, убав и полн со љубов како што си ти. Секој што имал среќа да те запознае или да биде во твое друштво, ќе се согласи дека си ширела неверојатна енергија и дека сите околу тебе се чувствувале среќно. Ти благодарам што беше тука за мене, без оглед на сè “. 

Фото: Профимедиа

Кели Престон и Џон Траволта беа во брак од 1991 година, а од тој брак имаа три деца, 20-годишната Ела, деветгодишниот Бенџамин, но и синот Џет, кој почина во 2009 година, на само 16 години, за време на семеен одмор на Бахамите.

Видео на денот