Триумф на МЗТ, а Ворку од Гостивар го има првиот „трипл-дабл“ во Првата лига

МЗТ Скопје Аеродром ја оствари седмата победа во кошаркарскиот шампионат/Фото: kfsm.mk

Актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром ја оствари седмата победа во низа, по триумфот во еден од најинтересните натпревари оваа сезона во македонското кошаркарско првенство.

МЗТ славеше со 78:75 над Гостивар и го преживеа фантастичното издание на противничкиот играч Ијасу Ворку кој стана прв играч сезонава со „трипл-дабл“ во Првата лига. Плејмејкерот на Гостивар ги одигра сите 40 минути и постигна 23 поени, 11 скока и 11 асистенции, но тоа за малку не беше доволно за неговиот тим да ги освои бодовите во големото дерби.

Домаќините ја имаа контролата над играта и резултатот во најголемиот дел од мечот, но не успеаја порано да го решат прашањето околу победникот. Во втората четвртина водеа со 31:17 што беше највисока предност на една од екипите на овој натпревар. Гостиварци вратија со серија од 19:4 за водство од 36:35 на минута пред крајот на полувремето за во последниот напад МЗТ да се избори за минимална предност по 20 минути игра.

Слично беше и во вториот дел, МЗТ водеше со 46:38 и 48:40 за Гостивар преку Ворку и Силаџи да дојде до 50:50. На шест минути пред крајот на натпреварот беше 64:55 за аеродромци и повторно со серија од 9:0, тимот на Александар Јончевски дојде до израмнување. Во продолжение Вер постигна две тројки, а Крстевски погоди две положување за 74:69 на 67 секунди пред крајот, но тука беше Ворку кој со девет поени по ред го одржуваше во живот својот тим.

Драмата достигна кулминација во последните 20 секунди. Мекиќ и Стојановски промашија три слободни фрлања, а Стојановски погоди еднаш за 76:73. На спротивната страна со еден „пенал“ врати Јанески, но одбиената топка ја прифати Тодоровиќ кој имаше шанса на Гостивар да му донесе израмнување и продолжение. Но, Србинот беше прецизен само еднаш и МЗТ преку Стојановски стави точка на мечот. Крстевски и Вер со по 19 поени беа најдобри поединци кај МЗТ Скопје.

Прва лига, 8. коло

Петок –
Кожув – МЗТ Скопје Уни Банка 104:92
МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар 78:75

Табела:

1. МЗТ Скопје Аеродром 15 бодови
2. Пелистер 14
3. Гостивар 13
4. ТФТ Скопје 12
5. Работнички 12
6. Кожув 12

7. ФМП Академија 11
8. Феникс 2010 10
9. Еуро Никел 9
10.МЗТ Скопје Уни Банка 9
11.Куманово 8
12.КК Ангели 7

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот