Гаќи/Долна облека: Unplash / hidefumi ohmichi

Трикови за убавина: Какви гаќи да одберете за вашиот облик на тело

При купувањето е важно да се одбере оптималната големина, никако премногу мали, бидејќи ќе се врежат во телото додека преголемите нема да ја одработат својата основна функција на невидливо парче долна облека.

Освен естетскиот фактор и удобноста, главно обележје на гаќите е камуфлирањето на „недостатоци“ на телото и што е најважно тие под облеката да не се забележуваат. Од најобичните памучни модели па до речиси невидливите кроеви моменталниот избор на пазарот е голем, со што потрагата по идеални гаќи е отежната. Издвоивме три модели на гаќи кои ги исполнуваат сите услови и барања под облеката.

Кратки боксерки против „перничиња“ околу половината

Кратките боксерки (бразилки), но и гаќите со ниска половина кои ги карактеризира удобност и практичност пред се, се идеален крој кој лесно се носи под деликатните материјали. Нискиот крој кој се протега до под колковите е нивната голема предност бидејќи на телото не создаваат лажни перничиња, таканаречени – „гума за спасување“.
При купувањето е важно да се одбере оптималната големина, никако премногу мали бидејќи ќе се врежат во телото додека преголемите нема да ја одработат својата основна функција на невидливо парче долна облека. Препорака се гаќите од микрофибер, без видлива рабови и шавови кои инаку се оцртуваат под облеката.

Танга против двоен задник

Еден од за жените најомилени и најпопуларни парчиња долна облека се тангите, пред се, поради практичната функција. Нивното носење е начин да се избегнат контурите на долната облека на задникот под фустанот и панталоните, како и непожелниот ефект на двоен задник.

Но, премногу малите танги или оние со тенок и еластичен раб можат да бидат видливи под тенките и проѕирни материјали. Затоа бирајте ги оние со лесен пораб или, пак, без него.

Корсет-гаќи против опуштен стомак

Веројатно еден од омилените кроеви на долна облека кој на бројни дами им овозможил носење на најделикатните парчиња облека се корсет гаќите. Високиот крој ја обликува комплетната силуета, ја нагласува половината и наменски ги стеснува и ги измазнува проблематичните зони на стомакот.

При одбирањето на корсетот водете сметка да има незабележливи шавови кои нема да се оцртуваат под облеката и да биде пријатен за носење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот