Трик кој успева секој пат: Еве како успешно да ги отстраните дамките од лак за нокти од облеката!

Фото: Профимедиа

Трик кој е делотворен и кој треба да го знае секоја жена…

На сите барем еднаш ни се случило да се извалкаме додека ги лакираме ноктите, но за тој „проблем“ постои ефикасно решение. На тој начин ќе ги отстраните дамките од било која ткаенина или површина. Се што ви е потребно е малку лак за коса. Овој спреј ќе ја отстрани токму секоја дамка.

На било која површина или ткаенина да се наоѓа дамката, правилото е исто, дамката испрскајте ја со лак за коса, оставете да отстои 15 секунди, а потоа истријте ја добро.

Повторувајте ја постапката се додека дамката целосно да исчезне. Потоа тоа парче облека исперете го на вообичаениот начин.

Златно правило: Не користете ацетон за отстранување на лак од облеката, бидејќи може да ги избели и боите од парчето облека и да направи повеќе штета отколку корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот