Пластичната фолија обично ја користиме за да ја запакуваме храната пред да ја ставиме во фрижидер и на сите понекогаш ни задава прилично голема мака кога со неа ќе започнеме да ја пакуваме храната, а многупати досега сигурно и сте се откажале од тој обид бидејќи сте се изнервирале во текот на процесот кога фолијата започнува да се лепи на се друго, освен на тоа што треба.
Но сите овие денови на социјалните мрежи се зборува за овој уникатен и генијален трик кој на сите нас ќе ни ја олесни борбата со пластичната фолија. Имено, неа наместо во фиока или на било кое друго место во кујната, треба да ја чувате во фрижидер.
Тоа е така поради тоа што ладниот воздух го намалува нивото на електрицитет поради кој таа постојано се лепи и така создава проблеми при пакувањето на храната. На тој начин користењето на пластичната фолија ќе ви биде многу полесен процес за вас, лесно ке одлепите само еден слој, нема да ја искинете целата, а притоа и полесно ќе ја залепите на тоа што сакате, без таа во меѓувреме да ви се залепи на се и сешто.