Триесет и едногодишниот пациент кој почина од коронавирус, навел дека не патувал никаде и дека немал контакт со болни лица

Докторката од итната медицинска помош која се посомневала на ковид 19, од пациентот добила податок дека имал епилепсија, чести опструктивни бронхити и имал повеке пати воспаление на бели дробови во минатото. Вакви податоци со нашите лекари не дал, велат од Министерството за здравство.

Министерство за здравство вечерва по писмен пат одговори на прашањето на Слободен печат упатено до министерот Венко Филипче, околу епидемиолошките контакти на 31 годишниот пациент кој почина од коронавирусот.

Симптомите кај пациентот започнале на 20 март со постепен пораст на телесната температура и влошување на општата здравствена состојба. Тој бил хоспитализиран на 23 март, навел дека не патувал никаде и дека немал контакт со болни лица. Тој не бил медицинско лице.

Докторката од итната медицинска помош која се посомневала на ковид 19, од пациентот добила податок дека имал епилепсија, чести опструктивни бронхити и имал повеке пати воспаление на бели дробови во минатото. Вакви податоци со нашите лекари не дал, велат од Министерството за здравство.

Од министерството додаваат дека уште се испитува дали пациентот патувал.

-Прекумерната телесна тежина го зголемува морталитетот и морбидитетот. Претставува ризик фактор кај многу болести, вклучително и кај инфективните заболувања. Достапните податоци укажуваат дека обезните луѓе се под поголем ризик за развој на инфекции, во споредба со лицата со нормална телесна тежина. Не би бил во зголемен ризик од развој на тешка клиничка слика како кога не би имал хронично заболување. Пациентите со зголемена телесна тежина, се под поголем ризик за компликации во текот на лекувањето. Според СЗО, зголемената телесна тежина е поврзана со стапка на поголема смртност. Болеста е непредвидлива каков тек ќе заземе. Третманот на пациентот бил по протоколите кои се преземени од земјите со најголемо искуство и третиран и со препорачаниот лек исто-  се вели во писмениот одговор од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот