Триесет години ја чува неговата тајна: Жената која Фреди Меркјури ја сакал до крајот на својот живот

Фреди Меркјури и Мери Остин / Фото: Profimedia

Легендарниот пејач на британската рок-група „Квин“, Фреди Меркјури е роден на денешен ден – 5 септември, во 1946 година. Тој остави голем печат врз светската музика, а со неговото вечно заминување во ноември 1991 година остави голема празнина во срцата на неговите бројни обожаватели ширум светот, пишува „Стил“.

Еден ден пред да почине, тој јавно признал дека бил заразен со вирусот ХИВ, откритие што ги шокирало сите. Но, најголемите тајни ги знаела неговата поранешна партнерка и единствената жена која ја сакал – Мери Остин.

Мери Остин му била љубов од младите денови. И покрај сите мажи со кои спиел, тој никогаш не престанал да ја сака неа. Таа била негова свршеница додека не собрал храброст да ѝ признае дека е геј.

Фреди Меркјури и Мери Остин / Фото: Profimedia

Остин останала покрај него и ги чувала сите негови тајни, па дури и онаа најголемата. Три децении подоцна, таа сè уште никому не кажала каде го погребала легендарниот музичар. Меркјури не сакал никој да знае каде е неговата урна со пепел, за да не му биде осквернавен гробот, па оваа тајна ѝ ја доверил на жената за која велел дека е љубовта на неговиот живот.

Тој во тестаментот ја задолжил својата поранешна свршеница да се грижи за пепелта и никогаш јавно да не каже што направила со неа.

Исто така, тој ѝ ги дал и неговите сакани мачки, а таа и ден-денес живее во станот што го наследила од него.

Остин успеала да ја оправда неговата доверба и ја чувала тајната за неговата урна, дури и од неговите родители и неговиот подоцнежен емотивен партнер, Џим Хатон.

За оние кои не знаат, Фреди Меркјри и Мери Остин почнале да се забавуваат во раните седумдесетти години на минатиот век и биле во петгодишна романтична врска.

Тие раскинале кога Меркјури го запознал американскиот продуцент од „Електра рекордс“, Дејвид Минс, со кого започнал романса.

И покрај раскинувањето, тие останале многу блиски и пејачот ја сметал за вистинска пријателка до крајот на својот живот.

Во 1985 година, тој ја започнал својата втора долга врска, овој пат со фризерот Џим Хатон, со кого живеел до крајот на животот.

 

Меркјури ѝ го оставил своето богатство на Остин – имот од 20 милиони фунти во Западен Лондон и 9 милиони фунти во готовина.

Кога тој починал, Остин влегла во криза. Таа страдала од неколку болести и се борела емотивно да се справи со нејзиното наследство.

„Си помислив: ‘О, Фреди, ми остави толку многу товар’. Мислев дека не можам да се справам со тоа. Тој ме предупреди дека куќата ќе биде поголем предизвик отколку што претпоставував. Благодарна му за тоа што ме предупреди, бидејќи брзо се судрив со голема љубомора“, изјавила Мери Остин.

„Таа беше со него пред сѐ и после сѐ“, рече еднаш биографот на „Квин“. Таа го поддржувала во неговата одлука околу лечењето, а тајната за неговата болест ја чувала до самиот крај. Уште од самиот почеток, таа му ветила дека никој нема да дознае дека има СИДА, сѐ до оној момент кога тој ќе посака самиот да го сподели тоа.

Повеќе од 1.400 лични предмети на Фреди Меркјури ќе бидат продадени на аукција во Лондон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот