Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Трицикл се судри со кола во Скопје, три момчиња завршија во болница

Три момчиња на возраст од 18,19 и 23 години се повредени во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа на булевар „Србија“ во Скопје.

„На 6 јануари 2026 година, околу 21:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. ‘Србија’ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘даихатсу’ со бугарски национални ознаки, управувано од 63-годишниот Ј.Ч. од Прилеп, со престој во Скопје и трицикл „томос“, управуван од 18-годишниот М.С. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.С. и неговиот сопатник, 23-годишнот С.Р., а со телесни повреди се здобил уште еден сопатник од трициклот, 19-годишниот И.С., сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’,“ соопшти полицијата.

Скопски таксист ограбил момче од Турција, па го исфрлил од колата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот