Три засилувања, потрошени 190 милиони евра: Манчестер Јунајтед го претстави Хојлунд

Фото: Manchester United

Манчестер Јунајтед го потврди трансферот на Расмус Хојлунд кој се најавуваше во претходниот период.

Манчестер Јунајтед на Аталанта и исплати сума од 70 милиони евра плус дополнителни бонуси и целиот трансфер би можел да достигне вредност од 85 милиони евра. За Аталанта ова е одлична зделка затоа што пред само една година за Хојлунд плати 17 милиони евра доведувајќи го од Штурм.

Хојлунд на претставувањето истакна дека уште од детството е навивачи на „црвените ѓаволи“.

„Не е тајна дека од детството сум навивач на овој одличен клуб. Сонував да стапнам на „Олд Трафорд“ како играч на Манчестер Јунајтед. Среќен сум што ќе соработувам со еден од најдобрите тренери во светот“, изјави Хојлунд.

Пред него сезонава во Јунајтед пристигнаа Андре Онана и Мејсон Маунт кои беа платени 52 и 64 милиони евра. Јунајтед досега летово за три засилувања потроши 190 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот