Три сериозни болести кои често погрешно се дијагностицираат

Profimedia
Фото: Профимедиа

Со оглед на тоа дека современиот начин на живот носи многу предизвици за медицината, дури и на лекарите понекогаш им се случува да погрешат во дијагнозата.

Како што пренесува порталот „Превенција“ (Prevention), постојат одредени болести кои дури и лекарите тешко знаат да ги препознаат, што ја отежнува дијагнозата, а со тоа и лекувањето.

Додека некои здравствени состојби лесно се дијагностицираат врз основа на листа на специфични симптоми или дијагностички тестирања, други е потешко да се утврдат бидејќи имитираат други болести.

Апнеја при спиење

Лекарите често ја мешаат апнејата при спиење со депресија. Имено, лошото расположение е честа појава кај луѓето кои имаат проблеми со спиењето и страдаат од несоница, а токму тоа се случува најчесто кога имаме апнеја при спиење. Нивното лошо расположение буквално може да ги имитира симптомите на депресија, а една неодамнешна студија покажува дека приближно 73 проценти од пациентите со апнеја чувствуваат симптоми на депресија.

Целијакија

Иако можеби изгледа едноставно дијагностицирањето на целијакија, тоа е всушност болест на која можеби ѝ се потребни од 6 до 10 години за точно да се дијагностицира. Проблемот е што симптомите може да укажуваат на било кој друг гастроинтестинален проблем.

Бидејќи не постои вистински тест за синдром на иритабилни црева, токму тоа е најчестата погрешна дијагноза. Националната фондација за свест за целикалијата проценува дека 83 проценти од луѓето имаат целијачна болест, а не знаат.

Лајмска болест

Замор, главоболка, болки во мускулите и зглобовите… Сето тоа се симптоми на лајмска болест. Сепак, тие се исто така и симптоми на мултиплекс склероза, поради што овие две состојби честопати ги мешаат дури и лекарите. Лајмската болест ги дели симптомите со неколку други состојби, вклучувајќи фибромијалгија и грип.

Во една студија, резултатите покажале дека 76 отсто од жените со лајмска болест имале симптоми кои може погрешно да се протолкуваат како други здравствени проблеми. Со оглед на тоа што лекарите дијагностицираат и мултиплекс склероза и лајмска болест со исклучување на други состојби кои имаат слични симптоми, не е тешко да се помешаат едната со другата состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот