Златен накит / Фото: Профимедиа

Три млади жени ограбиле куќа во Гостивар, однеле големи пари и злато

Големо количество пари и златен накит однеле три млади провалнички од куќа во Гостивар, соопшти денеска полицијата.

„Вчера во 18:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, поради основано сомнение дека на 14.12.2025 година извршиле тешка кражба во куќа сопственост на Ф.М.(58) од Гостивар, при што биле одземени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра, ги лишиле од слобода А.З.(24) и М.З.(27), двете од Гостивар“, велат од МВР.

Подоцна, во врска со случајот била уапсена и 24-годишната Н.И. од Тетово. Истиот ден, откако добиле судска наредба, полицајците го претресле домот на А.З. и таму нашле поголем дел од украдените пари и златен накит, кои ќе му бидат вратени на сопственикот, додаваат од полицијата.

Младите провалнички се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот