Три хрватски фармацевтски компании пријавија недостиг на антибиотици и други таблети, меѓу нив е и Сумамед!

лекови

Три големи фармацевтски компании деновиве пријавија недостиг на неколку познати лекови поради зголемената побарувачка и проблемите со производството, јавува Даница хр.

Така, Плива пријави недостиг на силни антибиотици Сумамед 250 мг тврди капсули азитромицин дихидрат и Aзимед 250 мг тврди капсули азитромицин дихидрат. Причините се поврзани со производството. Овие лекови ќе бидат дефицитарни од 9 февруари до 15 март. Крка-фарма, пак, известува за недостиг од дури три лекови. Aплериа 25 мг филм-обложени таблети еплеренон за срцеви проблеми нема да бидат достапни од 12 февруари до 14 март. Лекот Keналог 40 мг/мл суспензија за инјектирање триамцинолон ацетонид нема да биде достапен до 22 февруари поради зголемената побарувачка.

Кеналог се користи за лекување на болки во зглобовите, оток и вкочанетост при воспалителни заболувања како што е ревматоидниот артритис. Nаклофен 75мг/3мл раствор за инјектирање диклофенак натриум поради зголемената побарувачка ќе биде дефицитарен од 9-ти до 22-ри февруари. Фармацевтската компанија Стада пријави недостиг на лекот против леукемија Етрага 25 мг/мл прашок за суспензија за инјектирање азацитидин. Поради зголемената побарувачка, лекот нема да биде достапен до 30 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот