Убиецот од Младеновац/ Фото СП

Три години од масакрот во Србија: Монструмот од Младеновац уби девет деца, а ќе лежи само 20 години затвор

Денеска навршуваат три години од страшниот масакр во српските села Дубона и Мало Орашје во Младеновац, кога Урош Блажиќ уби девет млади на возраст од 15 до 25 години, а тешко рани уште 12 луѓе.

По вербална расправија со врсници, Блажиќ се вооружил со автоматска пушка и тргнал во крвав поход.

Непосредно пред нападот, на свој пријател му испратил порака: „Изгорев, одам да правам масакр“.

Блажиќ првин отворил оган кон група млади кои правеле скара во Мало Орашје, а потоа го продолжил масакрот во училишниот двор во соседна Дубона. По пукањето, киднапирал такси и побегнал кон Крагуевац, каде следниот ден бил уапсен криејќи се во кокошарник.

Седмоодделенец влегол со нож во белградско основно училиште со закани дека ќе направи нов „Рибникар“

Преживеаните сведочат за хоророт во кој морале да се преправаат дека се мртви за да спасат жива глава.

Кон крајот на 2024 година, убиецот и неговиот татко беа осудени на по 20 години затвор. Иако ова е максималната казна според тамошниот закон, пресудата предизвика огромен револт кај семејствата на жртвите.

Денес, наместо детски џагор, во селата одекнува само тагата, додека муралите со пораката „Живејте“ служат како болен потсетник за прекинатите млади животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот