Три дена никој не ги прегледува локомотивите во каква состојба се, тие што возат, возат на своја рака

воз скопје железничка станица возови
Железничка Скопје/ Фото: МИА

Дел од возовите не сообраќаат согласно возниот ред, а дел што возат, возат на своја рака, предупредуваат од Синдикатот на влеча на возови. Оттаму велат дека вработените во Железница не ја добиле втората половина од октомвриската плата и дека затоа не вршат контрола на возовите.

– Ние веќе трет ден не ги прегледуваме локомотивите. Во железничкиот сообраќај има јасни правила – секој воз што ќе дојде од пат се контролира, треба да биде прегледан од електричар, од бравар и проверката да биде потпишана. Ние тоа не го правиме, затоа што не сме земале пари за досега сработеното. Ние не може да работиме, а да немаме пари за егзистенција. Оние што ги возат возовите без да бидат прегледани, тоа го прават на своја одговорност. Ние не одговараме за нивната безбедност – вели Ѓоко Илијевски, претседател на Синдикатот на влеча на возови, кој е и репрезентативен синдикат на вработените во Железница-Транспорт.

Информација за официјален прекин на железничкиот сообраќај, пак, не е соопштена. Илијовски вели дека тие нема да ги прегледуваат возовите се додека не ја добијат цела октомвриска плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот