Трговците со нафта ги променија цените: ЕВЕ КОЛКУ Е БЕНЗИНОТ, А КОЛКУ ДИЗЕЛОТ

Од денеска граѓаните ќе полнат гориво по нови цени, откако трговците со нафта и нафтени деривати одлучија да ги променат цените на горивата.

Според нивната одлука, следејќи ја досегашната методологија на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), бензините поевтинија за 1 денар, додека дизелите поскапеа за половина. Па така 95 се продава по цена од 71,00 денари за литар, горивото со 100 октани ќе се продава по цена од 73,00 денари за литар.

Дизел горивата исто така ќе се продаваат по нова цена, која е поскапа од досегашната за половина денар. Па обичниот дизел ќе се продава по 64,00 денари за литар, цената за био-дизелот е 65,00 денари за литар.

Нова цена доби и екстра лесното гориво кое ќе се продава по цена од 54,00 денари за литар.

Компанијата Макпетрол АД – Скопје уште вчера прва објави за промената на цената на горивата, потенцирајќи дека за оваа одлука ја користеле досегашната методологија на РКЕ.

Неофицијално дознаваме дека останатите трговци со нафта и нафтени деривати ја користеле истата шема при одредувањето на цените, а исто така во иднина ќе продолжат да ја користат истата методологија.

Причината за тоа е правниот вакуум кој е предизвикан од поранешниот претседател Ѓорге Иванов со непотпишувањето на измените на Законот за енергетика заради што не можеше навреме да биде донесена новата методологија по која (РКЕ) треба да ги определува цените.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски, изјави дека не очекува трговците значително да направат било каква авантура и да предизвикаат ценовен шок.

Во завршна фаза е носењето на новата методологија за малопродажните цени на нафтата и нафтените деривати.

„Неопходно е да се донесат измените на Законот за енергетика кои се во собраниска процедура и веднаш по нивното носење ќе одржиме подготвителна и главна седница на која ќе ја усвоиме новата методологија. Доколку работите одат според предвидениот план очекувам цените по новата методологија да бидат определени веќе од следниот понеделник. По донесувањето на новата методологија РКЕ секој понеделник ќе ги определува цените на нафтените деривати, наместо секој втор понеделник како досега“, посочува Бислимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот