„Трезна сум 18 месеци“: Лили Ален ја победи зависноста

Фото: EPA/HUGO MARIE

Пејачката Лили Ален беше во екот на популарноста, па се повлече со цел да се избори со пороците – алкохолот и наркотиците.

Таа одлучи да заврти нов лист и да води здрав начин на живот. Како што призна и самата, веќе една година и половина е чиста и трезна.

Имено, таа се огласи на Инстаграм, објави неколку фотографии каде носи џемпер, но и привезок на кој пишува дека е чиста и спокојна 18 месеци.

„Денес сум 18 месеци чиста и трезна. Би им препорачала на сите“, напиша Лили Ален.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen of MySpace (@lilyallen)

Пејачката во минатото водеше тешка борба со одвикнувањето од наркотиците, алкохолот, депресијата, но реши одлучно да се избори со се.

„Се сеќавам дека бев во Лос Анџелес и размислував: Ништо од оваа глума повеќе не оди. Можеби би требало да се обидам со хероин. Бев на сцената и знаев дека кога овие мисли ќе ми дојдат на памет, тогаш е време да им се спротивставам на своите демони“, наведе Лили Ален тогаш и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen of MySpace (@lilyallen)

„Tоа беше отприлика пред пет години. Тогаш започнав со закрепувањето“, изјави пејачката во подкастот под називот „Recovery“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот