ТРЕТ ДЕН ПРОТЕСТИ: Пазарџиите повторно ги блокираа улиците во центарот на Скопје (ФОТО)

Од ПОЦ како причина за покачувањето на цената на месечните билети го наведоа аерозагадувањето – вели еден од незадовлните пазарџии.

Пазарџиите денеска трет ден по ред го блокираа центарот на Скопје, со цел да го искажат своето незадоволство поради зголемените цени на паркиралиштето „Аутомакедонија“

– Незадоволни сме од тоа што цената на паркинзите е поскапена од 40 на 70 денари на час, Прометот на пазарот е паднат за околу 50 отсто,  а нашите месечни билети се поскапени од 800 на 1500 денари. Од ПОЦ како причина за покачувањето на цената на месечните билети го наведоа аерозагадувањето – вели еден од незадовлните пазарџии за „Слободен печат“.

Поради протестите и ова утро беа блокирани улиците во центарот на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот