Фото: instagram.com/aquilabaskettrento

Тренто и Јакимовски обезбедија пласман во четвртфиналето на Еврокупот

Денеска во италијанската пресмета кошаркарите на Тренто на гости триумфираше над Венеција со резултат 94:90 по едно одиграно продолжение во осминафиналната фаза на Еврокупот.

Така, тимот на Тренто обезбеди пласман меѓу најдобрите осум екипи во европското клупско натпреварување.

Најефикасен во победничките редови беше ДеВанте Џонс со 38 поени и шест асистенции, следен од Литванецот Матас Јогела со 15 поени, 12 скокови и пет асистенции.

Придонес во триумфот имаше и македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски кој за 33:19 минути на паркетот запиша шест поени и девет скокови.

Противник на Тренто во четвртфиналето на Еврокупот ќе биде турскиот клуб Бешикташ, а овој меч ќе се игра на 17 или 18 март 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот