Тренерска смена и во Кратово: Горзад Михајлов повеќе не е тренер на Силекс

Фото: ФК Силекс

Горзад Михајлов повеќе не е тренер на Силекс и го напушти кратовскиот клуб по есенскиот дел од Првата фудбалска лига.

Иако беше еден од најуспешните тренери во историјата на клубот, Михајлов одлучи да си замине и спогодбено го раскине договорот.

„Секогаш има крај на една епизода, епизода која траеше две ипол години. Можам да бидам презадоволен од постигнстите резултати, но тие не би се постигнале ако не ја имав подршката од моите соработници (спортскиот директор Ристиќ, Иванов, Глигоровски, Христовски, Динев, Мицков).

Успеавме да го вратиме Силекс на старите патеки во мак-фудбалот и константно да го подобруваме нашиот рејтинг со игрите и резултатите. Затоа на сите од клубот им благодарам од се срце за неизмерната подршка, шансата која ми ја доверија и ја оправдав со својата посветеност и резултати. Верувам дека во иднина ќе постигнувате позитивни резултати а јас ќе ве следам и навивам за вас. Ти благодарам Кратово, ти благодарам Силекс“,  изјави Михајлов.

Претходно тренерски заминувања видовме во Брера, Шкендија и Вардар, па така од прволигашите со ист тренер од почетокот на сезоната засега остануваат само Струга Трим Лум, Тиквеш, Воска Спорт и Брегалница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот