Тренерот на голманите Периќ го раскина договорот со Вардар 1961!

Фото: facebook.com/rkvardar

Непосредно пред дуелот против Кјелце во Полска во рамките од Лигата на шампионите, ракометниот клуб Вардар 1961 ја информира јавноста дека спогодбено е раскинат договорот со тренерот на голманите Дејан Периќ.

Периќ доби понуда со одлични финансиски услови во една од најсилните првенства во светот, Бундеслигата, и сакаше да замине.

А клубот не правеше проблеми да го реализира овој трансфер.

Периќ беше дел од втората титула на Вардар 1961 во ЛШ и последните трофеи во СЕХА Газпром лигата.

– Пријателите секогаш остануваат во нашите срца..Ти благодариме што беше дел од нашето семејство – известуваат од клубот.

Георгиевски за Кјелце: Одбраната им е послаба, но имаат феноменален напад!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот