Тренерот на Елмас под притисок: Ако си заминеш, ќе ти го вратиме украдениот автомобил!

фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерите на Наполи во текот на целата сезона беа во трка за титулата во Италија, но во финишот попуштија со низа неколку лоши резултати.

На крајот барем клубот од Неапол во чии редови настапува и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас обезбеди место во групите на Лигата на шампионите следната сезона.

Но, навивачите на оваа екипа не се задоволни од работата на тренерот Лучано Спалети и сакаат што побрзо да си замине од клупата.

Толку се лути фановите од „Диего Армандо Марадона“ што дури му ветија на Спалети дека ќе му го вратат украдениот автомобил, само тој да си оди на крајот од сезоната.

Навивачите направија транспарент на кој му го нудат неговиот украден автомобил во замена за заминување. На транспарентот кој се појави пред стадионот во Неапол, беше испишан датумот на кражбата на „Фиат Панда“ на Спалети и пораката: „Спалети, ќе ти ја вратиме твојата Панда…ако си заминеш!“ На потписот пишува „крадци“.

Автомобилот на Спалети беше украден на 16 октомври минатата година пред хотелот. Ветувачката сезона се претвори во разочарување за навивачите на клуб,от кои веќе го изразија тоа незадоволство во неколку акции. Меѓу тие дејствија беше и фрлањето јајца кон клупскиот автобус пред натпреварот против Сасуоло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот