Тренерот на Аталанта пред суспензија, прекинал антидопинг тест на свој играч

EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Џанпјеро Гасперини, тренерот на Аталанта се соочува со казна бидејќи и го навредувал антидопинг контролорот кој дошол по примероци од дел од фудбалерите пред тренинг.

Инцидентот се случил во февруари годинава, Гасперини е обвинет дека го прекинал земањето на примероци од еден негов фудбалер за што сигурно му следи суспензија од најмалку еден месец.
Најверојатно Гасперини ќе ја заврши на клупата оваа сезона, а казната ќе ја одработи на почеток од идната. Судот проценил дека постојат процедурални грешки и поради тоа не може да излезе со казна за тренерот на Аталната.
– Гасперини го навредил контролорот и го нападнал целиот антидопинг систем, притоа го прекинал антидопинг тестот и го натерал фудбалерот да се врати на тренинг. Овој играч по тренингот сам се пријави за антидопинг тестот – изјави судијата Пјерфилипо Лавијани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот