Тренер по таеквондо во Австралија задавил седумгодишно момче кое го тренирал и ги убил неговите родители

Полиција во Австралија / Фото EPA-EFE/ERIK ANDERSON

Тренер по таекводно од Австралија доби кривична пријава за убиство на својот седумгодишен ученик и неговите родители. Адвокатите на Кванг Кјунг Јо (49), кој моментално е во болница, се појавија во судот во Парамата во негово име. Тие не побараа тој да биде ослободен со кауција или да се изјасни за виновен по обвиненијата.

Јо, сопственик на школата за таеквондо и боречки вештини Лајонс, останува под полициска стража во болница откако беше подложен на операција поради убодни рани и исеченици на градите, стомакот и рацете. Полицијата соопшти дека Јо ги задавил момчето и неговата мајка Мин Чо во неговата школа во понеделникот, а потоа со автомобил се упатил кон нивниот дом и го избодел до смрт таткото на момчето, Стивен Чо.

После тоа дошол во болница и им кажал на медицинскиот персонал и полицијата дека бил нападнат на паркингот на супермаркетот. Засега властите не утврдиле кој бил точно мотивот за нападот. Единствената врска помеѓу Јо и жртвите е дека момчето било негов ученик и дека сите четворица се родени во Јужна Кореја.

Максималната казна за убиство во Нов Јужен Велс е доживотен затвор, без можност за условно ослободување во период од 20 години за убиство на возрасен и 25 години за убиство на дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот