„Травел оф пет“ ги препорачува Скопје и Охрид како дестинации за дигиталните номади

Дигитални номади
Дигитални номади / Фото: Pexels/Coworking Bansko

Европа, генерално, е дестинацијата за дигиталните номади, каде што може да се живее, работи и искуси културата во кратки временски периоди, бидејќи има добра интернет-конекција, одлично е поврзана меѓу себе, лесна е за шетање и дава можност за движење од држава во држава без дополнителни визи.

Сепак, според порталот „Травел оф пет“, во 2024 година помеѓу главните дестинации за дигиталните номади ќе биде и Западниот Балкан, како регион кој е надвор од Шенген-зоната и место каде што тие ќе можат да ги поминат задолжителните 90 дена, надвор од Шенген.

Како главни привлечни точки на земјите од Западен Балкан, освен можноста да се биде надвор од Шенген, порталот го истакнува и понискиот стандард од земјите од ЕУ. Од земјава се препорачуваат Скопје и Охрид како дестинации за дигиталните номади и се додава дека Северна Македонија е економски најпривлечна дестинација, со пресметка од 1.307 долари месечно за покривање на сите трошоци, вклучително и сместување и храна.

„Травел оф пет“ ја опишуваат Албанија како „Грција со помал буџет“, каде што Американците може да поминат и цела година без дополнителна виза. Босна и Херцеговина е земјата со најдобро гостопримство, според порталот, додека Црна Гора, иако е една од поскапите во регионот, се опишува како одлично место за дигиталните номади. Србија, според „Травел оф пет“, е најскапа земја за дигиталните номади на Западниот Балкан, но препорачуваат задолжително да се посетат Белград, Нови Сад и Ниш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот