Трас го осуди нападот врз детската болница во Мариупол: Тоа е апсолутно одвратно

Лиз Трус/ Фото EPA-EFE/RUSSIAN FOREIGN AFFAIRS MINISTRY

Министерката за надворешни работи на Велика Британија Лиз Трас изјави дека нападот врз детската болница во градот Мариупол е „апсолутно одвратен“.

Таа е запрашана зошто НАТО нема да воведе зона за забранети летови – нешто за што се изјасни претседателот на Украина, пренесува Би-Би-Си.

Трас вели дека најдобриот начин да се помогне во заштитата на небото е преку противвоздушно вооружување, кое го обезбедуваат Британија и нејзините сојузници.

Говорејќи на прес-конференцијата во Вашингтон, таа рече дека Обединетото Кралство настојува целосно да ја исклучи Русија од финансискиот систем за плаќање СВИФТ, а исто така да стави крај на употребата на руската нафта и гас во групата Г7.

„Не смееме да мируваме додека Путин не успее во Украина и не се врати суверенитетот на земјата“, вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот