Транспаренси интернешнл ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата

Корупција
Корупција / Фото: Архива на „Слободен печат“

Транспаренси интернешнл – Македонија денeска ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2023 година.

Претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Благоја Пандовски ќе информира како е позиционирана земјава во годинашниот извештај и за методологијата врз основа на која е формиран резултатот за 2023.

Македонија минатата година со 40 индексни поени беше рангирана на 85 место од вкупно 180 земји.

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) ги бодува и рангира земјите/териториите врз основа на проценетата корупција во јавниот сектор на државата, од страна на експерти и бизнисмени. ИПК претставува композитен индекс, комбинација на анализи и проценки на корупција, собрани од повеќе реномирани институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот