Трамп: Запревме масовни убиства меѓу Србија и Косово (ВИДЕО)

Во изборната кампања во Северна Каролина, американскиот претседател Доналд Трамп, меѓу другото, рече дека може да биде избран за Нобеловата награда за мир.

Во тој контекст, тој го спомена неодамна потпишаниот договор меѓу Белград и Приштина во Вашингтон.

Трамп рече дека успеал да ги запре масовните убиства што се случуваат неколку децении меѓу Србија и Косово.

– Сигурен сум дека ќе се квалификувам за Нобеловата награда за мир. Ставаме крај на масовните убиства меѓу Косово и Србија. Со години се убиваат меѓусебно. Ќе престанат да се убиваат едни со други. Јас реков: „Момци, ајде да се собереме- рече Трамп.

Претседателот на САД беше номиниран за Нобелова награда за мир овој месец откако успеа да потпише договор за нормализирање на економските односи меѓу Белград и Приштина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот