Фото: EPA / Shawn Thew

Трамп за истрагата и импичментот: Тоа е лов на вештерки (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше одлуката на демократите во Претставничкиот дом да покренат формална истрага за него, што може да доведе до негово отповикување, нагласувајќи дека станува збор за „лов на вештерки”.

„Таков важен ден во Обединетите нации, толку многу работа и толку многу успех, а демократите намерно мораа да ги уништат и понижат сите со ударни вести. Ловат вештерки “, напиша Трамп на Твитер.

Тоа, додаде тој, е лошо за Америка.

Тој исто така рече дека иницијаторите на петицијата не го виделе транскриптот на неговиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што ќе го објави денеска.

Свиркач од разузнавањето открил дека Трамп разговарал со украинскиот колега Володимир Зеленски кон средината на летото, барајќи од него да се компромитираат информациите за Хантер Бајден, син на Џо Бајден, еден од кандидатите на демократите за изборите во 2020 година.

Додека нема докази за наводна корупција од страна на Бајден или неговиот син, кој бил во бордот на украинската енергетска компанија „Буризма холдингс”, разговорот на Трамп може да биде злоупотреба на претседателската моќ, јави Си-Ен-Ен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот