Ненси Пелоси се очекува да побара процес за импичмент на Трамп

Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, контролиран од демократите, денеска се очекува да објави формална процедура за отпочнување на импичмент (отповикување) на претседателот Доналд Трамп, дознава Си-Ен-Ен.

Според телевзијата, веќе 160 членови на Претставничкиот дом бараат импичмент на претседателот, после сознанијата дека тој наводно ја злоупотребил власта со притисок врз странски лидер, украинскиот претседател Володимир Зеленски, да објави компромитирачки материјали за претендентот за демократски претседателски кандиднат Џо Бајден.

Во меѓувреме, Трамп изјави дека утре ќе објави декласифицирана транскрипт од разговорот со Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот