Трамп во Ајова ги искритикува претседателот Бајден и републиканката Хејли

Доналд Трамп / Фото: Melissa Sue Gerrits / Getty images / Profimedia

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својот прв митинг годинава што се одржа синоќа во Ајова ја нападна Ники Хејли, својата соперничка од републиканската претседателска трка, и му одговори на претседателот Џо Бајден, кој претходно го нарече неговиот претходник закана за американската демократија.

Трамп изјави дека земјата „нема среќа“ и дека САД се полнат со „терористи“ и имигранти „побегнати од психијатрии“ кои ја пресекуваат границата.

На тој начин тој му одговори на Бајден кој вчера претходно говореше за опасностите околу можниот втор мандат на Трамп. Тој особено силно го искритикува однесувањето на Трамп на 6 јануари 2021 година, кога толпа негови поддржувачи го нападнаа американскиот Капитол каде законодавците ја утврдуваа победата на Бајден на изборите во 2020 година.

-Ништо се нема подобрено при корумпираниот Џо Бајден. Сѐ е во хаос, изјави Трамп на митингот.

Тој само накратко проговори за настаните на 6 јануари, повторувајќи ги неоснованите тврдења за тоа дека изборите во 2020 година биле фалсификувани и украдени.

Трамп исто така ја нападна Ники Хејли, која две години беше амбасадор на САД во ОН при неговото претседателство. Хејли според рејтингот е забележително, до 30 отсто зад Трамп во Ајова, но е многу поблиску до него во Њу Хемпшир, каде по традиција се организираат вторите првични избори за избор на претседателски кандидат, а во изминатиот период таа ја зголеми својата популарност во анкетите.

-Ники Хејли целата своја кариера се наоѓаше во џебовите на спонзорите кои подржуваа отворени граници, изјави Трамп и додаде дека таа била „глобалистка“.

Популарноста на Трамп меѓу републиканските гласачи засега е ненадмината и најверојатно тој повторно ќе се соочи со Бајден, овојпат на следните претседателски избори во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот