Доналд Трамп, претседател на САД/Фото: Fabrice COFFRINI / AFP / Profimedia

Трамп со одбрани зборови го испрати Тед Тарнер, ги искритикува сегашните сопственици на Си-ен-ен

Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи му оддаде почит на медиумскиот могул Тед Тaрнер, кој почина денеска.

„Тед Тарнер, еден од великаните на сите времиња, штотуку почина. Тој го основа Си-ен-ен, по продажбата тој беше лично скршен од договорот бидејќи новиот сопственик го зеде Си-ен-ен, неговото „бебе“, и го уништи. Стана ‘woke’, и сè она што тој (Тарнер) не е. Можеби новите купувачи, прекрасни луѓе, ќе можат да го вратат во неговиот поранешен кредибилитет и слава. Сепак, без оглед на тоа, еден од великаните на историјата на радиодифузијата и мој пријател. Секогаш кога ми требаше, тој беше тука, секогаш подготвен да се бори за добра кауза!“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа.

Тарнер, кој го основа Си-ен–ен во 1980 година, почина денеска на 87-годишна возраст. Медиумскиот магнат своевремено се вмеша и во политиката. Тој ја поддржа поранешната државна секретарка Хилари Клинтон за претседател во 2016 година, наместо Трамп. Дури и самиот размислуваше да се кандидира за шеф на државата кон крајот на 90-тите, но одлучи да не го стори тоа по советите на неговата тогашна сопруга, Џејн Фонда.

Тарнер го продаде Си-ен–ен на Тајм Ворнер во 1996 година за 2,8 милијарди долари.

Во 2012 година, тој изјави дека би сакал „да види поголем акцент на важните вести и меѓународните вести, а малку помалку на небитните содржини’. Исто така рече дека продажбата на Си-ен-ен е нешто за кое тој многу се кае.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот