Трамп пристигна во демилитаризираната зона на средба со Ким

Фото: EPA-EFE/KCNA

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во демилитаризираната зона, меѓу Северна и Јужна Кореја, пред средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, потврди Белата куќа.

Средбата меѓу двајцата лидери, која Трамп ја иницираше вчера преку Твитер, се случува во момент на застој во преговорите за нуклеарно разоружување на Пјонгјанг, кои пропаднаа при втората средба на двајцата претседатели во февруари во Виетнам.

– Одиме на границата во демилитаризираната зона за да се сретнеме со претседателот Ким и со нетрпение го очекувам тоа, изјави Трамп пред новинарите во Сеул. – Развивме многу добри односи, додаде тој.

Инаку, денешната агенда на Трамп, исто така, вклучува и средба со американските војници стационирани во Јужна Кореја и фотографирање со американските и јужнокорејските војници по посетата на демилитаризираната област. Трамп ќе го започне денот со говор за корејските бизнисмени.

Демилитаризираната зона денеска ќе биде зтаворена за туристи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот