Фото: Колаж / Слободен печат

„Трамп премногу зборува“ – Макрон не можеше веќе да молчи на шегите од претседателот на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика гнев во Франција поради коментарите за францускиот лидер Емануел Макрон и неговата сопруга, објави Лемонд.

„Сопругата на Емануел Макрон се однесува кон него исклучително лошо. Тој сè уште се опоравува од удар во вилицата“, изјави Трамп на 2 април.

Шефот на Белата куќа алудираше на снимка од мај 2025 година од претседателскиот авион, кога непосредно пред слегувањето по скалите камерите забележаа момент на некаков вид расправија меѓу Макрон и неговата сопруга Брижит, во пресрет на почетокот на официјалната посета на Виетнам.

Макрон тогаш негираше дека се расправал со сопругата и дека таа му удрила шлаканица, велејќи дека двајцата „често така се шегуваат“.

Францускиот претседател многу брзо реагираше на најновата опсервација на Трамп.

„Трамп премногу зборува… неговите изјави не се ниту елегантни ниту на ниво на стандарди“, рече Макрон.

Коментарите на Трамп за брачниот пар Макрон се дел од неговата лутина кон сојузниците од НАТО, а Франција е една од нив, затоа што не се приклучиле кон американско-израелската војна против Иран.

„Ги повикав, иако не ни беа потребни, но сепак прашав“, рече Трамп на приватен ручек, во видео кое накратко беше објавено на канал на Белата куќа на Јутјуб, пред пристапот да биде блокиран.

Макрон одби да коментира за простачката „шега“ на Трамп дека „закрепнува од ударот во вилицата од сопругата“

ВИДЕО: Макрон „заработи“ шлаканица од сопругата Брижит

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот