Трамп по средбата со Нетанјаху: Јас сум за преговори со Иран, минатиот пат Техеран не сакаше договор, па го удри „Полноќен чекан“
Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на средбата денеска дека ќе продолжи да бара дипломатско решение со Иран, и покрај скепсата во владата на Нетанјаху кон напорите на Трамп за постигнување договор, пренесе „Си-ен-ен“.
Препорачано
Во објава на социјалните мрежи, Трамп, кој ја нарече средбата „многу добра“, рече дека му пренел јасна порака на израелскиот премиер, но воедно навести дека разговорите немале конечен исход.
„Ништо дефинитивно не беше постигнато, освен што инсистирав преговорите со Иран да продолжат за да се види дали може да се постигне договор. Ако може, му ставив до знаење на премиерот дека тоа би била преферирана опција. Ако не може, ќе мора да видиме каков ќе биде исходот. Минатиот пат Иран реши дека му е подобро да не склучи договор и беше погоден со ‘Полноќен чекан’, тоа не му помина добро. Се надевам дека овој пат ќе биде поразумен и поодговорен,“ напиша Трамп на „Трут сошал“ алудирајќи на американската операција во јуни, кога САД бомбардираа ирански нуклеарни објекти.
Нетанјаху бара од Трамп во нуклеарниот договор да се вклучи и иранската ракетна програма
Средбата меѓу Трамп и Нетанјаху, нивна седма откако Трамп повторно се врати на власт, се одржа невообичаено целосно зад затворени врати и траеше околу три часа.
Премиерот имаше повеќе од едночасовна средба со претседателот Доналд Трамп зад затворени врати во Овалната канцеларија.
Порака до Западот: Иран прикажа балистички ракети на годишнината од револуцијата


