Доналд Трамп / Фото ЕPA-EFE/AMANDA SABGA

Трамп ќе се изјасни за невин во новиот случај за мешање во изборите во 2020 година

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во поднесокот до судот изјави дека ќе се изјасни за невин по обвиненијата во изменетото обвинение кое го товари дека се обидел да ја поништи неговата загуба на изборите во 2020 година од Џозеф Бајден.

Трамп, републиканскиот претседателски кандидат, се откажа од правото да се појави на суд и наместо тоа ги овласти своите адвокати да се изјаснат во негово име во новиот случај против него поврзан со наводното мешање во претседателските избори во 2020 година.

Изменетиот обвинителен акт, поднесен минатата недела од специјалниот советник Џек Смит, ги вклучува истите четири обвиненија кои обвинителите ги покренаа против Трамп минатата година.

Тој се товари за обид за измама на САД, попречување на потврдувањето на резултатите на изборите во Конгресот и лишување на гласачите од нивното право на фер глас. Трамп верува дека имал целосно право да се меша во резултатите од изборите во 2020 година. Новото обвинение опфаќа одредени обвиненија, откако Врховниот суд во Вашингтон пресуди дека Трамп има широк имунитет од кривично гонење за службените дејствија што ги преземал додека бил претседател, пренесува Танјуг.

Во август 2023 година, Трамп се изјасни за невин пред федералниот суд во Вашингтон за федералните обвиненија за вклучување во „криминална шема“ за поништување на резултатите од изборите во 2020 година за да остане на функцијата. Обвинителите и адвокатите на Трамп се очекува да ги одредат следните чекори по одлуката на Врховниот суд на судското сослушување во четврток.

Инаку, во јули, Врховниот суд пресуди дека Трамп има право на имунитет од гонење за службените дејствија преземени додека служел како претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот