Трамп под магнетна резонанца - Извор Х

Трамп ќе ги објави резултатите од магнетната резонанца што ја направи во октомври

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ги објави резултатите од магнетната резонанца на која беше подложен во октомври, пренесува Еј-би-си њуз.

Вчера, по враќањето од Флорида во Вашингтон, Трамп за време на дијалог со новинарите рече:

„Ако сакате да ги објавам, ќе ги објавам “.

Тој дури нагласи дека резултатите се одлични.

Тестот предизвика интензивни шпекулации во Америка за здравјето на 79-годишниот Трамп, а Белата куќа засега одбива да коментира за причините за тестот, како и за делот од телото на кој е извршен.

Портпаролката Каролин Ловит изјави дека претседателот, како дел од редовниот медицински преглед, бил подложен на „напредно снимање“ во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“, при што резултатите укажуваат на одлична физичка состојба.

Трамп во неделата додаде дека „тоа било само магнетна резонанца“ и рече дека нема поим на кој дел од телото е извршена. Сепак, тој нагласува дека не било во мозокот, бидејќи „се истакнал“ на когнитивниот тест на кој бил подложен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот