Фото: mia.mk

Трамп: Кина нарачува 200 авиони од „Боинг“

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „ФоксЊујз“ изјави дека Кина се согласила да купи 200 авиони, пренесе „Ројтерс“.

Трамп ја објави информацијата по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, наведувајќи дека „Боинг“ првично барал договор за 150 авиони, но на крајот добил нарачка за 200 летала.

„Една од работите на кои денес се согласи е дека ќе нарача 200 авиони. Боинг бараше 150, а доби 200“, изјавил Трамп во интервјуто.

Засега не се објавени детали за договорот, ниту дали станува збор за патнички авиони за кратки или долги релации. Белата куќа и Боинт сè уште немаат официјален коментар.

Ова би била прва голема кинеска нарачка на американски патнички авиони по речиси една деценија, во период кога трговските и политичките тензии меѓу Вашингтон и Пекинг сериозно влијаеја врз авио-индустријата.

Последната голема кинеска нарачка за „Боинг“ беше во 2017 година, по што европскиот „Аирбас“ постепено ја презеде доминантната позиција на кинескиот пазар.

Иако договорот изгледа како голема победа за „Боинг“, акциите на компанијата паднаа за повеќе од четири проценти откако Трамп ги соопшти бројките, бидејќи дел од медиумите претходно шпекулираа за можен договор од 500 или повеќе авиони.

Илон Маск, Тим Кук и директори од Волстрит патуваат со Трамп во Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот