Трамп како за „стратешки партнер“ ни воведе увозна царина од 33 отсто, лани во САД сме извезле стоки вредни 118 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови увозни царини за 60 држави, меѓу кои е и Македонија, за која е поставена царинска стапка од 33 отсто. Тоа значи дека американските увозници ќе треба да платат дополнителна давачка во вредност од една третина од вредноста на македонските стоките, па се очекува значително да се намали извозот од земјава во САД.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната размена на Македонија со САД лани изнесувала нешто над 314 милиони долари, наспроти 320,7 милиони долари во 2023 година, што значи била помала за 2,1 отсто.

Извозот од Македонија во САД лани достигнал значајни 118,2 милиони долари, што е за 2,2 пати (110 насто) повеќе од претходната 2023 година кога бил 53,6 милиони долари. Истовремено, лани од САД биле увезени производи за 195,9 милиони долари, за 26,6 отсто помалку од 2023 година, кога увозот во Македонија од САД бил 267 милиони долари.

Според податоците од американскиот Стејт департмент, главниот македонски извоз во САД лани го сочинувале тутунот, облеката, железото и челикот.

При објавување на царините, Трамп порача дека 2 април 2025 година ќе биде запаметен како „Ден на ослободувањето“. Од регионот, Србија е погодена со највисока стапка од 37%, а Босна и Херцеговина со 35%. На стоките увезени во САД од Косово е воведена царина од 10%, исто како и за Албанија.

Трамп воведе царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот