Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Трамп воведе царини од 20 отсто за увоз од ЕУ, 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД

Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку го изложува неговиот план за воведување царини на сите производи што се увезуваат во САД. Тој држеше голема табела со наслов „Реципрочни тарифи“, на која се прикажани новите царини што САД ги воведуваат против одделни земји, како и оние што тие земји веќе ѝ ги наметнуваат на Америка, пренесе „Си-ен-ен“.

Како што е прикажано, увозот од Обединетото Кралство ќе биде оптоварен со царина од 10 отсто, а увозот од Европската унија со 20 отсто.

„Тие ни наплаќаат, ние им наплаќаме. Кој може да се лути? рече Трамп, со бурна реакција од публиката. Тој особено ги издвои Кина и Европската Унија, велејќи дека „не тепаат, жално е да се гледа. Мизерно е“.

Тој потоа додаде: „Индија? Многу тешко. Многу, многу тешко“.

Доналд Трамп изјави дека трговскиот дефицит претставува „национална вонредна состојба“ која ја загрозува безбедноста и начинот на живот на Америка. Тој додаде дека американските компании повеќе не можат да произведуваат доволно антибиотици, додека речиси целата електроника – компјутери, телефони, телевизори – се увезуваат од странство.

Тој го наведе и примерот со бродоградбата, тврдејќи дека едно бродоградилиште во Кина годишно произведува повеќе бродови од сите американски бродоградилишта заедно.

„Затоа од утре ќе започнеме со примена на реципроцитетни тарифи кон другите земји“, најави Трамп.

Трамп рече дека не е доцна и вети дека Америка повторно ќе ја збогати. „Ни зедоа толку многу богатство“, рече тој. „Веќе нема да дозволиме.

Тој додаде дека САД повеќе не можат да си дозволат трговски дефицит со другите земји, бидејќи, како што тврди, предолго ги субвенционирале. „Ние се грижиме за земјите ширум светот“, рече тој, а потоа заклучи: „Време е да почнеме да се грижиме за сопствениот народ“.

За време на говорот, Трамп покани еден од неговите поддржувачи од публиката, кого го ослови како Брајан, да се обрати пред толпата. Тој, облечен во флуоресцентен елек, рече дека е автомобилски работник од Мичиген.

Зборувајќи за своето животно искуство, тој рече дека со децении гледал како фабриките низ Детроит се затвораат една по една, додека работните места ја напуштаат земјата.

„Политиката на Доналд Трамп ќе ги врати инвестициите и ќе отвори нови фабрики“, рече тој. Тој додаде дека членовите на синдикатот од неговата индустрија го поддржуваат претседателот и заклучи: „Едвај чекам да видам што носи иднината за нас“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот