Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Трамп: Демократите сакаат скапо да платиме за авионот што САД го добиваат како подарок

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека претставниците на Демократската партија во таа земја сакаат скапо да платат за авионот што САД треба да го добијат како подарок од Катар.

„Фактот дека Министерството за одбрана добива подарок, Боинг 747, за да го замени 40-годишниот претседателски авион, и тоа во целосно јавна и транспарентна трансакција, толку многу ги вознемирува корумпираните демократи што инсистираат да платиме скапо за тоа“, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп потоа ги нарече претставниците на Демократската партија „губитници од светска класа“.

Американската телевизија ABC (ABC) претходно објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека администрацијата на Трамп е подготвена да прифати подарок од кралското семејство на Катар – суперлуксузен џамбо џет „Боинг 747-8“ што ќе се користи како претседателски авион на Трамп, и дека се очекува веста за подарокот официјално да биде објавена оваа недела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот