„Train to Busan“ добива римејк на англиски јазик – „Last Train to New York“

Last Train to New York
Last Train to New York

Зад американскиот римејк застанува тајландскиот режисер Тимо Џајанто во соработка со продуцентот Џејмс Ван и сценаристот Гери Дауберман. Голем дел од деталите за филмот се сè уште непознати, но, земајќи предвид дека римејкот ја таргетира американската публика, логично е приказната да биде сместена во Њујорк.

Речиси и да е невозможно да се зборува за современата јужнокорејска кинематографија без да се спомене филмот „Train to Busan“ од Јеон Санг-Хо, што беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2016 година.

Вбројувајќи се на листата помеѓу наслови како „Oldboy“, „I Saw The Devil“, „The Handmaiden“, „The Host“ и трилогијата „The Vengeance“,„Train to Busan“ беше на пат да го доближи корејскиот филм до западот уште пред „Burning“, „Parasite“, „Snowpiercer“ и „Minari“ да ја освојат глобалната публика.

Земајќи го предвид растечкиот интерес за филмовите што доаѓаат од оваа земја, не изненадува појавата на желбата кај одредени режисери да снимат своја верзија на истите, но на англиски јазик. Впрочем, потребата да се сними американски римејк на одличен и оригинален филм од неанглиско говорно подрачје е тема која не е ниту нова, ниту пак досега некритикувана.

Тимо Џајанто ја качува публиката на „Последниот воз за Њујорк“

Ниту „Train to Busan“ не остана имун на американизација. Зад овој римејк, кој ќе се вика „Last Train to New York“, застанува тајландскиот режисер Тимо Џајанто, познат по своите хорор филмови „The ABCs of Death“ ,„V/H/S/2“, „V/H/S/94“ и „May The Devil Take You“, во соработка со продуцентот Џејмс Ван и сценаристот Гери Дауберман.

Сè уште не се познати деталите за премисата на филмот и колкава ќе биде сличноста со оригиналот, а не е познат ниту останатиот дел од филмската екипа. Но, земајќи предвид дека римејкот на „Train to Busan“ ја таргетира американската публика, логично е приказната да биде сместена во Њујорк, еден од ретките метрополи каде сè уште се користат патнички возови.

Нема информации за тоа кога би требало да започне со снимање.

„Train to Busan“ е еден од најпопуларните јужнокорејски филмови во последнава деценија

Оригиналниот филм, снимен според сценарио на Парк Џу-сук, ја следи приказната на еден разведен татко кој се здружува со други патници во воз упатен од Сеул кон Бусан додека во земјата ненадејно избива зомби апокалипса. Актерската екипа на „Train to Busan“ ги вклучуваше Гонг Ју („Squid Game“), Џунг Ју-ми, Ма Донг-сеок, Ким Су-ан, Чои Ву-шик („Parasite“), Ан Со-хи и Ким Еуи-сунг.

Train to Busan/Twitter
Train to Busan/Twitter

По премиерата, филмот доби одлични критики, како од критичарите така и од публиката за брзата акција, слоевитоста на ликови и социјалните коментари наспроти зомби апокалипсата.

„Train to Busan“ заработи речиси 100 милиони долари во однос на буџетот од 8,5 милиони долари и го собори домашниот рекордот со повеќе 10 милиони гледачи во кината по неговото прикажување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот