Трагедијата во Кочани однесе уште еден живот: Познатите се збогуваат со Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс
Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот – почина Мартин Атанасовски, попознат како Буцо Битбокс, кој честопати настапуваше со групата „ДНК“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Неговите пријатели, колеги и обожаватели со неверување ја примија веста за неговата смрт, споделувајќи пораки со сочувство на социјалните мрежи.
„Буцо, брате!“, напиша музичарот Бојан Стојанов, познат како Бока Конга, споделувајќи фотографија со Буцо Битбокс.

Од него се прости и водителката Милена Антовска – Станковска, која исто така сподели негова фотографија на својот инстаграм-профил.

Да потсетиме, бројот на жртвите во разорниот пожар што го зафати ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани продолжува да расте. Според најновите информации, досега загинаа најмалку 59 лица, додека бројот на повредени кои се хоспитализирани низ болниците низ Македонија достигна 155.
Огнената стихија избувна во преполниот клуб во утринските часови, а според сведоците, пожарот брзо се проширил, оставајќи малку време за бегство. Меѓу жртвите се и познати македонски музичари, членови на групата „ДНК“, кои во моментот на несреќата биле на сцената.


