Полиција / Фото: МВР

Трагедија во Велешта, загина 19-годишно момче

19-годишен возач на „Мерцедес“ вчера излетал од патот во струшкото село Велешта и загинал на самото место, соопшти МВР.

„На 20.08.2025 околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во с.Велешта, струшко, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Н.(19) од с.Велешта, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Е.Н., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот