Трагедија во Србија: Девојка скокнала во длабоките води да го спаси братучедот, но и таа се удавила, пронајдени по 24 часовна потрага

Фото: Vesna Lalić/Nova.rs

Трагедија во која животот го загубија 17 годишна девојка и нејзиниот 14 годишен братучед ја потресе Србија.

Тие вчера капејќи се во базен, настанат си ископ, од каде се вади земја за производство на тули исчезнале. Дури денеска нивните тела се пронајдени во атар на село Ресинац и извлечени од водата, откако нивото на водата е намалено со пумпање, јави Нова.рс.

Сега веќе починатите братучеди скокнале во базенот да се капат. Со нив бил и нивниот деветгодишен братучед кој не влегол во водата.

Како што изјавило детето во полиција тие скокнале во водата која ги проголтала, за момент излегле на површина, а потоа исчезнале.

Информациите говорат дека девојката скокнала во водата да го спаси братучедот, но и таа потонала.

Во последно време како што јавуваат медиумите нивото на водата во базените е покачено поради обилните врнежи.

Според извештаите, на ова место се капеле и се освежувале локалните жители, млади и стари, но не било обезбедено, ниту пак имало стражар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот